„Модерна“ договори испорака на 500 милиони вакцини за програмата КОВАКС

Од:

Глобалната програма за правична распределба на вакцини КОВАКС потпиша прелиминарен договор со Модерна за купување 500 милиони дози од својот препарат против Ковид-19, соопшти денеска Унијата за вакцини – ГАВИ.

– Многу сме возбудени што го потпишавме овој нов договор со Модерна, давајќи им можност на учесниците на Ковакс пристап до друга високо ефикасна вакцина, изјави Сет Беркли, извршен директор на Гави.

Модерна оваа година ќе испорача 34 милиони дози од својата вакцина, а Шведска ќе донира еден милион вакцини „АстраЗенека“ во програмата КОВАКС, што претставува мал поттик додека глобалната програма се бори да обезбеди доволни количества за вакцинација на најсиромашните во светот.

Иако е во сила договорот со Модерна за купување на 500 милиони дози, испораката ќе почне дури во четвртиот квартал од годинава со 34 милиони вакцини. Остатокот од 466 милиони ќе биде достапен следната година, соопшти ГАВИ.

Договорот е постигнат откако Светската здравствена организација ја одобри вакцината на Модерна за итна употреба, што е предуслов за користење на вакцините во рамки на Ковакс.

Би можело да ве интересира

Швајцарија ќе уништи 10,3 милиони вакцини против Ковид-19 на Модерна

Ана Ололовска

Модерна планира да ја снабди Кина со вакцини против Ковид-19

А1он

Модерна ги тужи Фајзер и Бионтек за вакцината мРНА

Ана Ололовска

Компанијата Модерна подготвува вакцина против мајмунски сипаници

Ана Ололовска

Модерна тестира вакцина против омикрон

Ана Ололовска

„Модерна“ во фаза на клинички испитувања на засилувачка доза вакцина, насочена против омикрон

Ана Ололовска