Сирискиот министер за надворешни работи Валид ал Моалем, тврди дека претседателот Башар ал Асад ќе остане на функцијата до изборите во 2014 година, а можеби и подолго доколку се кандидира за уште еден мандат, пренесуваат медиумите.
Главната сириска опозициска група бара заминувањето на Асад од власт во Сирија да биде главна тема на мировните договори со официјалните лица на Дамаск, како услов за присуство на иницираната меѓународна конференција за Сирија која што идниот месец треба да се одржи во Женева.
Во едно интервју Моалем вели дека каков било договор да се постигне со сириската опозиција ќе треба да биде предмет на референдум, со што на меѓународната заедница ќе и се постави нов услов, наведе „Асошиејтед прес“.
Елена Георгиевска