МНР на Австрија: Постои зголемена опасност од терористички напади во светот

Од:

Министерството за надворешни работи на Австрија издаде предупредување поради зголемена опасност од терористички напади во светот.

– Моментно постои зголемена опасност од терористички напади во светот како и киднапирања, се вели во соопштението.

Граѓаните кои патуваат во странство треба да водат сметка за безбедноста и да се придржуваат до сите безбедносни мерки. Се укажува дека најверојатни цели на напад  може да се седишта на влади, административни институции, сообраќајна инфраструктура, хотели, економски и туристички центри, пазари, верски објекти…

Министерството нагласува дека нападите може да бидат извршени со експлозиви или рачно оружје, но постои опасност и од киднапирања.

Степенот на опасност од тероризам е различен од држава до држава, а зголемена опасност од напади постои особено во државите и регионите каде терористички организации веќе биле активни и каде терористите имаат поддршка од локалните жители. Министерството препорачува патниците пред и за време на патувањето да се информираат за состојбата во државата во која патуваат.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски