Мнозинството од полските католички свештеници имаат партнерки

Од:

Актуелните полски католички свештеници имаат различни духовни вредности отколку нивните претходници и повеќето од нив не го почитуваат целибатот и оваа забрана ја сметаат за нереална, јави дописникот на МИА од Прага повикувајќи се на полските медиуми.

– Од речиси 30.000 полски католички свештеници, 60 проценти живеат или живееле со партнерки, а 12 до 15 посто од нив имаат едно или повеќе деца, вели социологот Јозеф Баниак од Универзитет во Познањ.

Според Баниак, проблемот на сексуалноста на духовните водачи, од кои 70 проценти се хетеросексуалци, а останатите хомосексуалци или бисексуалци, претставуваа „жежок компир“ и никој во Католичката црква не сака да зборува на таа тема односно да го допре и лесно да се изгори.

Експертите, посветувајќи и се на темата, велат дека обично врските меѓу свештенството и нивните партнерки се тајни и за тоа се дознава на интернет каде тие анонимно раскажуваат за тоа и бараат поддршка кај жени со слична судбина.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата