Мнозинство Германци бараат референдум за прифат на бегалците

Од:

Големо мнозинство Германци бараат организирање референдум за прашањата за прифат и сместување на бегалците во нивната земја, пренесе ТАСС, повикувајќи се на резултатите од истражувањето ја јавното мнение на институтот „Емнид“.

Според резултатите од анкетата, 64 проценти од анкетираните се залагаат за тоа граѓаните да можат да гласаат на референдум за прашањата на миграциската политика на нивната земја. Против таквата можност се изјасниле 33 проценти од анкетираните.

Според 66 проценти од анкетираните Германци, кризата со бегалците може да го подели германското општество на два спротивни и непомирливи табори, додека 24 проценти од Германците сметаат дека до вакво нешто не може да дојде.

Германија очекува до крајот на годината во земјата да дојдат меѓу 800. 000 и 1,5 милион кандидати за азил, потсети ТАСС.

Земјата веќе има тешкотии со сместувањето на мигрантите. За азилантите се приспособуваат индустриски згради, училишта и спортски центри и често пати тоа е причина за изразеното незадоволство кај локалното население.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Се зголемува бројот на загинати и повредени во Мајнхам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку еден загинат во инцидент во германскиот град Манхајм

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автомобил удри во толпа луѓе во Мајнхам, засега не се знае колку лица се повредени

Горан Наумовски

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски