Младите во САД се помалку заинтересирани за изучување на европските јазици

Од:

Младите во САД се помалку се заинтересирани за изучување на некој од европските јазици, пишуваат француските весници „Фигаро“ и „Либерасион“.

Весниците ги пренесуваат податоците на Асоцијацијата за современи јазици, која на четири години изготвува извештај за посетеноста на курсовите за изучување на странски јазици.

Во 2013 година бројот на лицата, кои изучуваат европски јазици во САД се намали за 100 илјади во споредба со 2009 година.

Забележан е и пад на посетеноста на курсовите на досега најчесто изучуваниот јазик во САД, шпанскиот. Во периодот 2009-2013 година забележани се 70 илјади помалку граѓани кои го изучуваат овој јазик, што се случува првпат од 1958 година досега.

Бројот на школите во САД, коо нудат изучување на трите главни европски јазици, германскиот, францускиот и рускиот се намалил за 21, 13, односно 30 отсто.

Од друга страна забележано е зголемување на бројот на Американците, кои учат поегзотични јазици, како корејскиот, кинескиот и арапскиот.

Би можело да ве интересира

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа