Млада Британка добила отштета од 13 илјади фунти за плеснување по задникот

Од:

Судот во Ливерпул пресуди младата Британка Елизабет Каувиг да добие отштета од 13 илјади фунти, затоа што нејзиниот директор, прво ја плеснал по задникот, а потоа ја отпуштил од работа.

Адвокатот на 22-годишната Каувиг изјави дека неговиот клиент потојано бил изложен на „сексуално вознемирување и прогонување“ од својот директор кој е доволно возрасен за да и биде татко.

Таквото образложение судот го прифати и наложи директорот да плати висока парична казна за своето недолично однесување.

Во текот на судењето, Каувиг објасни дека нејзините маки со директорот почнале уште веднаш по вработувањето во фирмата. Таа, како што вели, постојано била „бомбардирана“ со сексуални понуди и „големото сексуално внимание“ што и го посветувал директорот траело во двете години колку што девојката работела.

Директорот секојдневно ја допирал и ја милувал по рамениците и ја бакнувал по челото.Таквото однесување кулминирало кога еден ден, пред сите вработени, тој ја плеснал по задникот.

– Извини, ама не можев да му одолеам, рекол првиот човек на формата за ИТ работење. Девојката поднела тужба, откако добила отказ од работата.Таа верува дека била истерана од фирмата само затоа што не прифатила да помине една ноќ во хотел, со својот директор.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца