Млад хокеар загина на фронтот во Украина: Уште една жртва на војната, имаше само 19 години

Од:

Во борбите меѓу украинските и руските воени сили загина 19-годишниот хокеар Александар Колоњук од екипата на „Змина-Били Барс“.

Тој загина во офанзивата на украинската армија во близина на градот Бахмут во Донбас, во атарот на селото Ивановское.

Александар Колонјук е роден на 24 јули 2003 година во Бела Црква, во регионот на Киев. Со својот клуб освои бронзен медал на украинското првенство во хокеј до 16 години во 2018 година. Играше како напаѓач.

Од првите денови на војната, Колоњук се пријавил во војска како доброволец на ДФТГ-1 Бела Црква. Потоа се приклучил на 24. баталјон „Ајдар“ на вооружените сили на Украина.

Хокеарската федерација на Украина на својата Фејсбук страница ги информираше луѓето за смртта на Александр Колоњук.

Претходно на фронтот загинаа уште двајца хокеари од Украина, 26-годишниот Јарослав Гаркавко и 42-годишниот Александар Хмељ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина