Мухамед ал Џунде, 16-годишен бегалец од Сирија, ја доби годинешната Детска награда за мир, што ја доделува холандската Фондација за детски права.
Наградата на Џунде му ја врачи младата Пакистанка Малала Јусафзаи, која е добитничка на Нобеловата награда за мир.
Џунде беше одликуван поради неговата работа да се отвори училиште во бегалскиот камп во Либан каде што живее.