МКС ќе започне истрага за наводни воени злосторства на палестинска територија

Од:

Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе започне прелиминарна истрага за можни воени злосторства извршени на палестинска територија, што е прв официјален чекор кој може да доведе до обвиненија против израелски функционери, соопшти денеска судот.

Судот ќе одлучи дали прелиминарните наоди бараат целосна истрага за наводните злосторства, кои би можеле да доведат до обвиненија против поединци на израелската или палестинската страна.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го потпиша Римскиот статут, врз чија основа е создаден МКС, кон крајот на минатата година откако во Советот за безбедност на ОН беше отфрлена палестинската резолуција, со која се бараше повлекување на Израел од окупираните палестински територии до крајот на 2017 година.

Ваквиот потег на Абас ги разлути САД и Израел, кои не се членки на овој постојан светски трибунал за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации