Мјуцених: Санкциите против Русија треба да се укинат доколку се почитува договорот од Минск

Од:

Санкциите против Русија треба постепено да се укинат доколку во источна Украина се почитува прекинот на огнот, изјави Ролф Мјуцених, заменик претседателот на фракцијата на германските социјалдемократи (ГСДП) во Бундестагот,
цитиран од ТАСС.

– Доколку во следните недели во источниот дел на Украина успее да се постигне режим за прекин на огнот и се реализираат спогодбите од Минск и атмосферата на надежност од гледна точка на политиката и безбедноста, и санкциите постепено треба да се преразгледаат и повлечат, изјави германскиот политичар за весникот „Берлинер цајтунг”.

„Санкциите не се цел сами за себе“, подвлече тој.

На 19 декември германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер веќе се изјасни против засилувањето на санкциите на ЕУ против Русија, подвлекувајќи дека тоа нема да ја подобри безбедноста во Европа.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Од Русија стигна соопштение: Наскоро ќе се потпише голем договор со Иран