Мјанмар би можел да им дава државјанство на Рохинџите

Од:

Припадниците на етничката група Рохинџи, кои од Мјанмар избегаа во соседен Бангладеш, по нападот на армијата, би можеле да бараат државјанство ако се вратат, изјави висок претставник на Мјанмар.

Министерот за надворешни работи на Мјанмар во Мјинт Тху предводеше делегација од десет членови во Бангладеш на разговори за репатријација на Рохинџи, од кои многумина се наоѓаат во бегалски кампови во таа земја.

На прес-конференција по посета на камп за бегалци во југоисточниот дел на Бангладеш, Тху рече дека Рохинџите може да побараат да станат „натурализирани граѓани” на Мјанмар.

– Ние се обидуваме да им објасниме за можностите за добивање државјанство, изјави Тху по состанок со Рохинџи, етничко муслиманско малцинство од Мјанмар, кои избегаа пред репресија на армијата на Мјанмар.

Тху додаде дека, според законот, тие немаат право на целосно државјанство, туку можат да побараат статус на „натурализирани државјани”, додека нивните деца би можеле да имаат целосно државјанство.

Бангладеш и Мјанмар потпишаа договор за доброволно враќање на бегалците во 2017 година, но процесот на репатријација е прекинат.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски