Мижеи: Украина треба да го забрза процесот на реформи

Од:

Украина треба да го забрза процесот на политички реформи, какви што со години наназад не биле спроведени, за да ги исполни барањата што се пред земјата, како и очекувањата на нејзините меѓународни партнери, изјави денеска во Брисел претставникот на Европската унија Калман Мижеи, цитиран од ДПА.

Додека се бори со прорускиот бунт во својот источен дел, Украина, која покажува сериозни финансиски тешкоти, доби задача да изврши длабоки структурни реформи, за да ја добие толку потребната финансиска помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд.

– Тоа малку наликува на натпревар со времето, затоа што претходно реформите биле нагласено заобоколувани, рече Мижеи, кој ја предводи консултативната мисија на Европската унија за реформа во секторот на цивилната безбедност во Украина (EUAM Ukraine). Нејзината задача е да му помогне на Киев да изведе целосен преглед на своите безбедносни органи и да го зацврсти владеењето на законот.

– Како граѓанското општество, така и меѓународната зедница очекуваат побрзи реформи, а ситуацијата бара брзи реформи, додаде тој.

Мисијата на ЕУ ќе биде составена од 173 лица, од кои 73 ќе бидат ангажирани во Украина. Мисијата располага со првичен двегодишен мандат да го реформира секторот „Безбедност“, иако во Унијата изјавуваат дека ќе биде потребно повеќе време за да се извршат неопходните промени.

Украина се обидува да се ослободи од постсоветската полиција и судскиот систем во кој корупцијата има придобиено ендемични размери и ги има опфатено и стигнато до највисоките нивоа на власта, забележа ДПА.

Според Мижеи, „корупцијата е во основата на оваа нефункционална држава“. Затоа, смета тој, процесот на реформи не може да се одлага, затоа што неактивните владини структури придонеле за забрзувањето на кризата во Украина.

Мижеи, меѓутоа, изјави дека веќе има постигнат напредок и го поздрави професионализмот на новата украинска Влада, како и нејзината улога во граѓанското опшетство.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“