Митинзи на приврзаници и противници на Морси во Египет

Од:

Поддржувачи на египетскиот претседател Мохамед Морси денеска повикаа на големи митинзи во поддршка на одлуката на шефот на државата да се даде поголеми овластувања.

Во Каиро вчера се одржа огромен протест на опозицијата против Морси и брзо прифатениот предлог устав. Протести се одржаа и во Александрија и други градови, на кои се скандираше „Долу уставната комисија“. Демонстрантите носеа пароли против диктатурата на претседателот и неговото исламистичко движење Муслимански браќа.

Опозицијата денеска, исто така, планира да протестира поради „државниот преврат врз демократијата“.

Набрзина одобрениот предлог устав од страна на уставната комисија денеска ќе му биде предаден на претседателот Морси и ќе биде ставен на референдум за најдоцна две недели.

Претходно, висок помошник на Морси, незадоволен од указот за проширување на овластувањата на претседателот, се приклучи кон најголемото опозициско движење Фронт за национален спас, кое е главен организатор на протестите кои го зафатија египет.

Шамир Моркос му беше советник на Морси одговорен за транзициски прашања и единствениот христијанин во тимот на исламистичкиот претседател. Тој е еден од двајцата претседателски советници кои се повлекоа откако Морси го издаде указот на 22 ноември.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет