Републиканскиот кандидат за претседател на САД од 2012 година Мит Ромни изјави вчера на средба со спонзори дека размислува дали да се кандидира повторно за Белата куќа во 2016 година.
Спонзори кои присуствувале на средбата во Њујорк навеле за американски медиуми дека поранешниот гувернер на државата Масачусетс не дал рок во кој ќе донесе одлука дали да прифати трета кампања за претседател.
Ромни не успеа да добие номинација во 2008 година, а во 2012 година беше поразен на изборите од актуелниот претседател на САД, Барак Обама.