Тело на двегодишно девојче е пронајдено од нејзината баба во изнајмен стан во Хале, Германија. Неофицијално се работи за убиство, но полицијата се уште не соопштува детали за случајот.
Наводно, на телото на девојчето биле забележани црвени точки што укажуваат на изгореници.
Мајката на детето тврди дека тушот во станот извесно време не работел и дека тоа е причината за смртта на девојчето.
Родителите тврдат дека не сфатиле дека нивната ќерка се здобила со изгореници, па ја ставиле во кревет, а нејзината баба ја пронашла мртва во неделата наутро.
„Околностите кои довеле до смртта на детето се уште се нејасни“, изјави портпаролот на полицијата.
Телото на девојчето е испратено на обдукција, по што ќе се знае точната причина за смртта.