Миријам Кери е жената која го изврши вчерашниот напад врз Белата куќа и Конгресот

Од:

Миријам Кери, 34-годишна забарка која имала душевни проблеми, е жената која го изврши вчерашниот напад врз Белата куќа и Конгресот, во кој на крајот беше убиена од страна на полицијата, jaви дописникот на МИА од Вашингтон.

Кери првин се обидела со својот автомобил да пробие заштитна ограда во близината на Белата куќа, која е поставена таму да спречи приближување на автомобили-бомби. Оттаму, таа со полна брзина се упатила кон Конгресот, каде полицајците првично успеале да ја запрат, но таа продолжила да вози, повредувајќи еден од нив.

На крајот на бркотницата, во која учествувале дури 20 возила на полицијата и тајната служба, полицајци отвориле оган врз неа во близината на друга заштитна ограда поставена околу Конгресот, убивајќи ја. За цело време, Кери имала двогодишно девојче на задното седиште на автомобилот.


Се претпоставува дека тоа е нејзината ќерка. Девојчето не било повредено во пукотницата и е згрижено во болница.
По инцидентот, полицијата го откри името на убиената жена, како и дека таа била лекувана за душевни проблеми.

Кери живеела во Конектикат, каде работела како заболекарка во затвор. За време на бркотницата по Кери, Белата куќа, Конгресот и Врховниот суд беа ставени под задолжителна блокада, при што полициски сили се распоредија околу нив, и беше забранет секаков влез или излез. Голем број конгресмени и новинари кои известуваат за буџетската криза, директно јавуваа за блокадата на Конгресот.

– Слушнав бум, бум, бум. Се слушнаа сирени, имаше полицајци насекаде и сите ни викаа, вратете се во зградата, вратете се назад, изјави конгресменот Бил Поси.

washington-policija-okt

Спикерот на Сенатот Хери Рид, кој и самиот работел како полицаец од обезбедувањето на Конгресот, се јави на повредениот полицаец, и потоа изјави дека неговите повреди не се опасни по живот. Нападот дојде две недели по масакрот во Нејви Јард, седиштето на американската воена морнарица, каде душевно болен вработен уби 12 лица.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак