Министрите за внатрешни во ЕУ на состанок со фокус на коронавирусот и состојбата на грчко-турската граница

Од:

Министрите за внатрешни работи на Европската унија денеска треба да се состанат во Брисел со главни теми на разговор за пандемијата  на Ковид-19 и тензичната состојба на грчко-турската граница.

Министрите треба да бидат брифирани за најновите настани на надворешната граница на Европската унија со Турција, каде илјадници мигранти се обидуваат да преминат во блокот.

Официјалните претставници на ЕУ објавија минатата недела дека дополнителни погранични припадници и пари ќе бидат испратени во Атина за да спречат нелегални премини. Министрите за внатрешни работи треба да слушнат како напредува спроведувањето на мерките.

Тие исто така треба да разговараат и за справувањето со ситуацијата по избувнувањето пандемијата со новиот коронавирус, што продолжува да се шири низ цела Европа.

Италија е најтешко погодена земја во ЕУ, каде на сила се драстични мерки за стопирање на ширењето на вирусот од кој досега починаа над 1.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина