Министрите за одбрана на САД и Русија разговараа за намалување на ризиците во близина на Украина

Од:

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска разговараше со својот руски колега Сргеј Шојгу, со фокус на „намалување на ризикот долж границите на Украина“, се вели во краткото соопштение на Пентагон.

„На 6 јануари 2022 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин остварија телефонски разговор. Разговараа за безбедносни прашања од заеднички интерес“, нагласи руското Министерство за одбрана.

Разговорите на министрите се одржаа во позадина на подготовките за состанокот на Советот Русија-НАТО што ќе се одржи на 12 јануари во Брисел. Покрај тоа, на 10 јануари Женева е домаќин на руско-американските разговори за безбедносните гаранции, на 13 јануари – на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

Би можело да ве интересира

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес

Зеленски: Русија краде кинеска технологија за смртоносни дронови

Захарова ја обвини Германија за русофобија

ISW: Русија е спремна да започне нова агресија

САД воведоа нови санкции кон Иран: Трамп има „недостаток на добра волја“

Горан Наумовски

Кримските Татари тврдат: Ќе се спротивставиме на меѓународното признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски