Министрите за одбрана на НАТО ќе ги разгледаат воените опции по ИНФ

Од:

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО на дводневниот состанок во Брисел, кој почнува денеска, ќе ги разгледаат опциите неопходни да се заштити Европа доколку пропадне билатералниот договор за разоружување помеѓу Русија и САД.

САД и НАТО ја обвинуваат Русија дека го крши Договорот за нуклеарно оружје од среден дострел (ИНФ), со развојот на ракетниот систем ССЦ-8.

Вашингтон овој месец соопшти дека ќе се повлече од ИНФ, а Москва најави следење на примерот со реципрочен одговор.

САД тврдат дека имаат на располагање шест месеци за да ја уверат Москва да го почитува Договорот, пред тој целосно да пропадне. НАТО го поддржува американскиот став.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера побара од Русија „да ја искористи последната можност да заземе одговорен став“, нагласувајќи дека Алијансата мора да се подготви “за свет без ИНФ“.

„Москва продолжува да ги развива системите СЦЦ-8 и опреми неколку батаљони со нив“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека НАТО не планира да ги повтори руските акции.

„Не планираме да ги преместиме новите нуклеарни проектили во Европа. Меѓутоа, ние треба да се осигураме дека имаме ефикасни средства за одбрана“, изјави Столтенберг.

Договорот ИНФ, кој забранува нуклеарни проектили од среден дострел од 500 до 5.500 километри, ги создаде темелите за безбедносната структура на Европа, откако беше потпишан во 1987 година.

Останати теми на министерскиот состанок се воените вложувања и присуството на НАТО во Авганистан.

Ова е прв состанок на Алијансата на кој е повикана македонската министерка за одбрана Радмила Шекеринска, откако земјава минатата недела го потпиша проколот за пристапување кон НАТО.

 

 

Би можело да ве интересира

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година

Шефот на НАТО: ЕУ и САД треба да го поделат товарот на помошта за Украина

А1он

САД: Мала е можноста Украина да влезе во НАТО или да добие нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Зеленски: Ако не можеме да влеземе во НАТО, тогаш дајте ни нуклеарно оружје