Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ ќе разговараат за Украина

Од:

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија денеска во Брисел ќе го почнат дводневниот состанок на Советот за надворешни работи, а официјално главна тема се подготовките за престојнит завршен сами од првото полугодие, кој ќе се одржи кон крајот на јуни, но се очекува украинската криза повторно да доминира во дебатата.

На состанокот не се очекуваат драстични потези, но црната листа на ЕУ со имињата на руски функционер, за кои е забрането издавање визи и блокирано им е располагањето со пари во европските банки ќе биде проширено на уште неколку имиња, изјавија дипломатски извори, јави Танјуг. Засега таа листа, која Советот на неколку пати ја дополнуваше, содржи 48 лица.

Германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд на вчерашната средба во Германија се договорија да ги поодржат украинските претседателски избори со воведување сериозни санкции, кои би ги опфатиле и руските државни претпријатија.

Тие во заедничкото соопштение ја предупредија Русија дека ќе се соочи со сериозни последици, доколку тие избори, закажани за 25 мај, потпаднат под хаотична ситуација во источна Украина.

На почетокот на денешниот состанок, министрите на иницијатива на грчкото претседателство ќе ја одбележат десетгодишнината од големото проширување, кога во ЕУ истовремено се примени десет нови членки.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала