Министрите за кризата во Кинеското Море

Од:

Јапонскиот министер за надворешни работи и неговиот кинески колега се сретнаа во седиштето на ОН во Њујорк за да разговараат за кризата во Источно Кинеското Море,која доведе до влошување на односите меѓу двете земји.

Министрите Коичиро Гемба и Јанг Јиечи ги повторија територијални барања на нивните земји во врска со спорните острови.

Како што наведува официјалната кинеска агенција Синхуа, јапонскиот министер уште еднаш повторил дека Токио сака да ги национализира трите острови на архипелагот, кои беа откупени од приватен сопственик, а неговиот кинески колега истакнал дека ова е очигледна повреда на територијалниот интегритет на Кина.

Кинеско-јапонската криза во Источното Кинеско Море беше продлабочена вчера кога во јапонските територијални води, околу островите Сенкакуа, влегоа осум бродови на тајванската крајбрежна стража и десетици рибарски чамци. Островите Сенкаку и припаѓаат на Јапонија, но ги присвојуваат и Пекинг и Тајван.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција