Министрите на ЕУ ќе разговараат за Украина

Од:

Шефовите на дипломатии на државите членки на Европската унија денеска ќе почнат со дводневна седница во Луксембург на која ќе главна тема ќе бидат односите со Украина и со Русија.

За време на првиот ден од состанокот на министерскиот совет во разговорите ќе учествува новоизбраниот министер за надворешни работи на Украина Павло Климкин кој ќе ги информира европските колеги за развојот на случувањата во таа држава.

ЕУ го поддржа планот на украинскиот претседател Порошенко за прекин на огнот, но проруските сили на југоисток во Украина го отфрлија.

Дипломатски извори  велат дека засега не се во план нови европски санкции спрема Русија.

Порошенко в петок на 27 јуни конечно ќе го потпише трговскиот договор со ЕУ за време на самитот на европски лидери во Брисел. Покрај Украина и Русија, се очекува министрите да разговараат и за ситуацијата во Ирак и Сирија.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала