Министерството за правда на САД формира единица против домашниот тероризам

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе формира нова единица во Министерството за правда за борба против домашниот тероризам по минатогодишниот напад на приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп врз Конгресот, изјави денеска висок претставник на американската администрација.

– Се соочуваме со зголемена закана од домашни насилни екстремисти и поединци во САД кои сакаат да извршат насилни злосторства, истакна пред сенатската комисија за правосудство Метју Олсен, помошник на државниот обвинител во Одделот за национална безбедност при Министерството за правда.

– Домашните насилни екстремисти честопати се водени од комбинација на идеологија и лични проблеми. Видовме растечка закана од оние мотивирани од расна омраза, како и од поборниците на екстремистичките идеологии кои ги доведуваат во прашање владата и авторитетот, додаде тој.

Јавниот обвинител Мерик Гарленд им порача на конгресмените во мај минатата година дека домашните насилни екстремистички групи претставуваат голема закана за САД.

Олсен појасни дека новата единица ќе функционира во рамки на одделот за национална безбедност и ќе „обезбеди правилно управување со овие случаи и ефективна координација“ во рамки на Министерството и низ целата земја.

Министерството за правда поднесе кривична пријава против повеќе од 725 лица за упад во зградата на Капитол Хил на 6 јануари 2021 година, со што поддржувачите на Трамп се обидоа да го спречат верификувањето на изборната победа на Бајден во ноември 2020 година.

Висок функционер на ФБИ им кажа на конгресмените во ноември минатата година дека агенцијата спроведува околу 2.700 истраги за домашен насилен екстремизам.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија