Министерството за надворешни работи на Филипини ги извести САД за раскинувањето на воениот договор

Од:

Министерството за надворешни работи на Филипини ги извести САД за раскинувањето на договорот за престој на странските вооружени сили, напиша на Твитер заменик министерот за надворешни работи Додо Дулаи.

– Со наредба на претседателот (Родриго Дутерте), пренесена преку извршниот секретар Салвадор Медиалдеа, министерот за надворешни работи Теодоро Локсин денеска потпиша известување за раскинување на договорот за статутот на странските вооружени сили, што веднаш ќе биде испратено до амбасадата на САД во Манила, се вели во изјавата на заменик министерот.

Како што пренесува весникот „Манила булетин“, договорот ќе престане да важи 180 дена откако Вашингтон ќе го прими ова писмо.

Договорот за статутот на странските сили беше потпишан во 1998 година и го регулира влегувањето и престојот на американските трупи на Филипини, обезбедувајќи правна основа за заеднички вежби во земјата.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер ја нарече одлуката „несреќна“ и рече дека тоа ќе потег во погрешна насока во време кога Вашингтон и сојузниците се обидуваат да ја натераат Кина да се придржува кон „меѓународните правила на редот“ во Азија.

– Претседателот Дутерте нема да прифати никакви иницијативи што доаѓаат од американската Влада за спасување на ВФА (Visiting Forces Agreement), ниту ќе прифати официјална покана за посета на Соединетите Американски Држави, изјави неговиот портпарол Салвадор Панело.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски