Министерот за одбрана Вејонис е нов претседател на Латвија

Од:

Пратениците на латвискиот Парламент го избраа денеска министерот за одбрана Рајмондс Вејонис за нов претседател на државата.

Вејонис (48) е избран во петтата рунда гласање во парламентот на Латвија, кој брои 100 пратеници.

Рајмондс Вејонис на претседателското место ќе го замени Андрис Берзиљш, кој не се кандидира за нов четиригодишен мандат. Со тоа Вејонис стана петти претседател на Латвија, земја членка на НАТО.

Вејонис, кој е биолог по професија, е поранешен министер за заштита на животната средина, а од 2011 година член на Националниот безбедносен комитет. На позицијата министер за одбрана е поставен во јануари годинава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од уривањето на советскиот споменик во Латвија

Ана Ололовска

Летонија доби нова Влада четири месеци по изборите

Наум Локоски

Во Латвија запленети повеќе од два тона кокаин

Наум Локоски

(ВИДЕО) Димитров: Во Рига формирана Парламентарна група за пријателство со Македонија

Наум Локоски

Министерот за одбрана на Латвија во посета на Македонија

Ана Ололовска

Шефот на латвиската дипломатија во посета на Косово

Ана Ололовска