Министерот за полицијата во државата Нов Јужен Велс во Австралија, Трој Грант, се пријавил самиот поради користење на мобилен во текот на возење, јави Би-Би-Си.
Министерот за време на возење го земал мобилниот и го фотографирал сообраќајот и потоа таа фотографија ја објавил на Твитер.
Потоа тој се пријави на надлежните и рече дека не сфатил дека го прекршува законот со тоа што го користи мобилниот при возење.
После пријавата, тој доби казна од 250 долари.
– Ова е голем потсетник. Никој не е над законот, дури ни ако е министер за полицијата, изјави спорниот министер.