Минхенска безбедносна конференција: Се раѓа нов светски поредок, 2019 година клучна за Западен Балкан

Од:

Светот е соочен не само со низа од кризи, туку и со системска трансформација на меѓународните односи, па затоа голема непознаница е каков ќе биде новиот светски поредок, а во 2019 година ќе се дознае дали Западен Балкан се уште верува во европските вредности.

Ова е наведено во извештајот на организаторите на Минхенската безбедносна конференција насловена „Големата сложувалка: Кој ќе посегне по парчињата“, што од петок до недела ќе се одржи во германскиот град Минхен.

На настанот, на кој ќе присуствува и делегација предводена од премиерот Зоран Заев, се очекува да учествуваат рекорден број политичари и експерти.

Според авторите на извештајот, станува очигледно дека настапува нова ера на натпревар помеѓу „големите сили“ САД, Кина и Русија и либералните демократии како Франција, Германија, Велика Британија, Канада и Јапонија.

Тие сметаат дека ЕУ се уште не е подготвена за оваа конкуретна борба со „авторитарните Кина и Русија“. Конфронтацијата помеѓу овие две земји и САД стана основа на американската надворешна политика и доаѓа на местото на војната со тероризмот, доктрина што ја формираше американската стратегија во текот на речиси две децении.

Овие заклучоци се потврдуваат и од резултатите на анкетата на американскиот центар за истражувања „Пју Рисрч“, според која, се повеќе луѓе во светот се загрижени од растот на влијанието и моќта на најголемите држави.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, во извештајот се разгледуваат и безбедносните предизвици во Западен Балкан, Источна Европа, Блискиот Исток, како и во регионот на Сахел во Африка.

Во делот за Западен Балкан се вели дека евроатлантската интеграција на регионот нема да се случи набргу и таа порака била пренесена на самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржа лани. Сепак, „лидерите на ЕУ ја признаваат стратешката важност на ова парче од европската сложувалка кое недостига“. Во тексот се додава и дека негативните случувања на Западен Балкан биле засилени од влијанието на актерите како Кина и Русија.

ЕУ неодамна се разбуди и стана свесна за ризиците, се вели во извештајот, па затоа на почетокот на 2018 година Европската комисија усвои нова стратегија за поголем ангажман во регионот како геостратешка инвестиција.

НАТО и ЕУ сега активно настапуваат против руската пропаганда, а ЕУ иницираше серија инвестициски програми за да се спротивстави на кинеските, се невадува во извештајот и се додаве дека во 2019 година ќе се дознае дали западнобалканскиот регион се уште верува во европската иднина.

Во извештајот се посочени резултати од анкетата спроведена од Регионален совет за соработка (РЦЦ), според која, Северна Македонија, Косово и Албанија имаат најоптимистички гледишта во однос на евроинтерграциите од сите земји во регионот. Така, на пример, 23 отсто од анкетираните македонски граѓани сметаат дека зачленувањето на земјата во ЕУ може да се случи до 2020 година, додека 29 отсто сметаат дека тоа може да се случи до 2025 година. Речиси 60 осто од македонските граѓани сметаат дека зачленувањето во ЕУ е добро за земјата.

Според Меркатор институт за кинески студии (МЕРИКС), од 2013 до 2018 година, Кина финансирала 574 милиони евра за инфраструктурни проекти во земјава, додека за истиот период ЕУ во македноската инфраструктура вложила 787 милиони евра. Кинеското влијание во државата, според МЕРИКС; се промовира преку тесна соработка на државни истражувачки инститити од Кина со локални партнери. Пекинг ги користи овие размени за промоција на своите основни интереси во регионот, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија