Милош Земан им завидува на Словаците за прифаќањето на еврото

Од:

Би сакал да изразам завист дека Словачка влезе во еврозоната далеку порано од Чешка, која за тоа само размислува и размислува, изјави чешкиот претседател Милош Земан во Прага, на последната средба со неговиот словачки колега Иван Гашпарович, кому за неколку дена му престанува функцијата.

Како што јави дописникот на МИА, Земан, кој е познат поборник за прием на европската валута во неговата земја, изрази надеж дека Чесите ќе успеат да се израмнат во овој поглед со Словачка и ќе го искористат нивното искуство при приемот на еврото со 70 процентна поддршка од популацијата.

Гашпарович, својот чешки колега го одликува со највисоко државно признание – Орден на Белиот Двоен крст, потенцирајќи дека признанието не е само за неговата работа на позицијата на претседател, туку и за неговата претходна 20-годишна работа, кога соработувал со Словачка како еден од политичките лидери на Чешката Република.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Експлозија во воениот институт „Захорје“, најмалку двајца се повредени

Горан Наумовски

Фицо: САД не сакаат да се мешаат во работите на другите земји

Шојгу: Протестите во Србија и Словачка се организирани од странство

Словаците протестираат по втор пат за две недели барајќи оставка од премиерот Фицо

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо