На официјалниот Твитер профил на руската амбасада во Велика Британија е објавен статус во кој се наведува дека припадниците на баталјонот Азов заслужуваат да бидат обесени.
„Азовските милитанти заслужуваат да бидат убиени, но не со огнено оружје, туку со бесење“, се вели во соопштението на амбасадата.
Во соопштението се вели и дека тие „не се вистински војници“ и дека „заслужуваат понижувачка смрт“.
Твитер објави предупредување дека објавата ги прекршува правилата на мрежата, но не ја отстрани.
?#Azov militants deserve execution, but death not by firing squad but by hanging, because they’re not real soldiers. They deserve a humiliating death.
A married couple from #Mariupol tell how they were shelled by ??forces from #Azovstal. #StopNaziUkraine https://t.co/jyQGEOJFYz
— Russian Embassy, UK (@RussianEmbassy) July 29, 2022