Милиони литри нафта се излеале во близина на природен резерват во Израел

Од:

Милиони литри сурова нафта утрово се излеале преку оштетен нафтовод во јужниот дел на Израел, причинувајќи голема штета на еден од најзначајните природни резервати во тоа подрачје.

Пожарникари, претставници на Министерството за заштита на животната средина и оние кои работат на одржување на нафтоводот биле испратени на местото на инцидентот и успеале за два часа да го спречат излевањето.

Таканаречената „Зелена полиција“ при ресорното Министерство ја истражува причината за излевање на нафтата, дали тоа би можело да биде спречено и што е направено откако е забележано излевањето. Исклучена е можноста за саботажа и најверојатно причината за инцидентот е од техничка природа.

– Суровата нафта течела низ резерватот Еврона, каде живеат елени и растат редок вид на палми, причинувајќи сериозна штета на флората и фауната, изјави претставникот на Министерството за животна средина, Гај Самет, оценувајќи дека обновувањето ќе трае со месеци, а можеби и со години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан