Противниците на излегувањето на Британија од ЕУ бараат нов референдум, се наведува во петицијата која ја поддржаа за еден ден, над еден милион Британци, објавено е на сајтот на парламентот на Обединетото Кралство.
Иницијаторите на новиот референдум ја повикуваат владата во Лондон да го примени правилото според кое, ако бројот на гласачи “за“ или “против“ е помалку од 60 проценти, а излезноста помала од 75 проценти, може да се одржи ново гласање.
Петицијата само за помалку од два часа собра над 100.000 потписи, доволно да биде земена во предвид во парламентот, во временски период од една година.
Иницијаторот на петицијата Вилијам Оливер Хил наведе дека е неопходно да се воведе одредба за неопходни 60% поддршка за било каква одлука на референдум, без разлика дали е за излегување или останување во ЕУ, како и дека гласањето ќе биде неважечко доколку нема одзив на 75% од гласачите.
Дебатата во парламентот може да се случи за многу брзо време, доколку премиерот Дејвид Камерон остане уште некое време на функцијата, иако најави повлекување, кое најверојатно ќе се случи во октомври.