Милијардер сака да подари се што има

Од:

Џон Хантсмен, милијардер од САД се заколнал дека до својата смрт ќе подари се што поседува, а до сега за различни цели дал околу 80 проценти од своите пари, односно дури 2 милијарди долари.

Седумдесет и седумгодишниот Хантсмен изградил империја во хемиската индустирија и работи на производсто на производи од различни видови пластика, но со години е и еден од доставувачите во Мекдоналдс.

Сепак човекот чиј што син учествуваше во претседателската трка во 2012 година, најголемо внимание посветува на борбата против канцер, поради што парите главно ги дава на Институтот за канцер, на Универзитетот во Јута, кој што го носи неговото име.

Институтот се занимава со генетско истражување на канцерот кај деца и возрасни и е еден од најголемите од тој вид на светот. Хантсмен вели дека е уверен дека Институтот ќе пронајде лек за оваа опака болест.

Истражувањето секоја година чини околу 120 милиони долари, а овој милијардер освен за тоа, своите пари ги дава и за други хуманитарни цели.

-Сакам да подарувам пари. Навистина не знам дали тоа им се допаѓа на моите деца и внуци- рече тој и додаде дека според него приватното финансирање на медицинските истражувања е неопходност во модерното време, бидејќи во последните години се помалку државни пари одат за тие цели.

Хантсмен истакна дека се обиделе со јавно-приватно партнерство, но дека е тешко да се работи со таа бирократија.

-Верувам дека филантропскиот приватен сектор е многу поефективен и попродуктивен. Нашите истражувачи имаат одговорност, просто не се дел од една бирократска машина и не се некој кој се грижи за луѓето – вели Хантсмен.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски