Микл-Лајтнер: Шенген зоната е загрозена

Од:

Опстанокот на Шенген зоната на слободно движење без гранични контрола е сериозно загрозен, оцени синоќа министерската за внатрешни работи на Австрија Јохана Микл-Лајтнер.

Микл-Лајтнер, по состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Амстердам, нагласи дека секој е свесен оти Шенген зоната е пред колапс и дека веднаш мора нешто да се промени.

– Тоа дека Шенген зоната е загрозена и постои опасност таа да пропадне, е видливо од многу национални мерки што ги презмаат одделни држави-членки, како што тоа го прави и Австрија, истакна Микл-Лајтнер.

Таа додаде дека земјите-членки на Шенген зоната потенцирале дека Грција мора под итно да дејствува, бидејќи ако не го направи тоа, се поголем борј држави ќе преземат национални мерки, а многу од нив ќе го следат примерот на Австрија, која воведе ограничувања за примеот на бегалци.

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Словенија го суспендира Шенгенот и ја враќа граничната контрола со Хрватска поради војната во Газа

А1он

Полски дипломати продавале Шенген визи во Африка, Азија и Блискиот Исток

Хрватска го воведе еврото и влезе во Шенген

Фон дер Лајен: Влезот во Шенген и еврозоната е пресвртница на европскиот пат на Хрватска

А1он

Радев разочаран од одлуките на ЕУ: Критериумите за Шенген ги исполнивме уште во 2011 година

А1он