Микл-Лајтнер: Чесно е да им се каже на бегалците дека рутата е затворена

Од:

Австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер денеска во Брисел изјави дека бегалците кои се блокирани на грчката граница со Македонија треба да сфатат дека немаат шанси да ја преминат.

– Најчесно е на бегалците да им се каже: не е можно веќе да се премине преку балканската маршрута. Таа е затворена. Најголем проблем е што кај бегалците и натаму се уште постојат надеж и очекувања, истакна Микл-Лајтнер.

Таа, претходно, во интервју за германскиот весник „Ди Велт“ нагласи дека „балканската рута преку мигрантите сакаат да пристигнат до богатите земји ќе биде затворена засекогаш“.

Македонија ја затвори границата со Грција за илегални мигранти, откако Словенија, Хрватска и Србија, кои се на патот кон Австрија, објавија нови остри ограничувања за влез на мигрантите.

– Мојата позиција е јасна: балканската маршрута останува засекогаш затворена, изјави австриската министерка.

Минатата година повеќе од 1,5 милиони мигранти пристигнале во Европа, предизвикувајќи жестоки политички дебати ширум континентот за решавање на кризата.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он