Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Од:

За шести претседател на Грузија е избран кандидатот на владејачката партија „Грузиски сон“, поранешниот пратеник Михаил Кавелашвили. Гласањето во парламентот се вршеше преку избирачкиот колегиум, што никогаш претходно не се случило во Грузија.

Ова се први претседателски избори на кои претседателот на државата се избира од електори, а промената на уставот ја сведе функцијата на претседателот на церемонијална улога, што претходно не беше случај.

Ова ја направи Грузија парламентарна република. За Кавелашвили гласаа 224 членови на колегиумот од 300 избирачи. За да победи во првиот круг, требаше да добие две третини од гласовите. Кавелашвили беше спортист и член на грузиската фудбалска репрезентација.

Опозицијата е бесна поради неговиот избор, бидејќи велат дека е необразован за функцијата што ќе ја извршува. Актуелниот претседател на државата Саломе Зурабишвили одбива да го признае исходот од овие, како и од парламентарните избори.

Таа најави дека нема да ја напушти претседателската резиденција додека не се распишат нови парламентарни избори во земјата и до резултатите од претходните од октомври, кога победи партијата „Грузиски сон“ на контроверзниот олигарх Биџина Иванишвили.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

ЦИК на Грузија: Претседателските избори се сметаат за валидни

Горан Наумовски