Мигранти пиеле сопствена крв и урина за да преживеат

Од:

Петнаесет бегалци од Куба преживеале три недели на отворено море на брод со расипан мотор, со кој се обиделе да пребегаат во САД, благодарение на тоа што пиеле сопствена крв и урина, пренесуваат медиумите.

-Среќен сум, успеав и жив сум, но не сакам никому да му се случи ова- изјави Алаин Изкуиердо, еден од вкупно 32 патници, кои биле на бродот.

Шест од мигрантите исчезнале, откако се обиделе да пливаат до брегот, додека 11 починале поради недостаток на течности.

Тие тргнале од Куба на почеток на август, но западнале во неволја на околу 60 милји од Кајманските острови, откако на вториот ден од патувањето се расипал моторот на бродот.

Преживеаните ги спасиле мексикански рибари на околу 240 километри североисточно од мексиканскиот полуостров Јукатан.

Инаку се повеќе Кубанци се обидуваат да побегнат од островот кој што е под комунистичка власт, патувајќи најчесто преку море до Средна Америка, а потоа по копно за да стигнат до САД. Американските власти ги прифаќаат бегалците кои пристигнуваат по копно, додека оние кои ќе пристигнат со бродови ги враќаат назад.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

Куба почна да ослободува затвореници како дел од преговорите со Ватикан

Горан Наумовски