Мигранти избегаа од авион кој летал од Мароко за Турција при принудно слетување во Барселона

Од:

Патнички авион на лет од Мароко за Турција рано утринава принудно слета на аеродромот Ел Прат во Барселона, по што група од 28 потенцијални мигранти кои биле во него побегнаа преку пистата, соопшти шпанската влада.

Полицијата приведе 14 лица, вклучително и една бремена жена за која властите велат дека се преправала дека има породилни болки поради што авионот принудно слетал.

По уште 14 лица сè уште се трага. Петмина од приведените веднаш биле вратени во авионот на турската авиокомпанија Пегасус, а осум ќе бидат депортирани во Мароко. Бремената жена била примена во болница и било утврдено дека не и било време за пораѓање, соопштија локалните власти. Авионот превезувал вкупно 228 патници од Казабланка до Истанбул.

Во октомври минатата година група патници избегаа од авион на пистата на шпанскиот остров Мајорка по принудното слетување под лажни изговори, а 12 од нив беа уапсени, додека 12 избегаа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Поништена регистрацијата на Гави, тој може да замине како слободен играч!

Горан Наумовски

Авион што летал за Охрид од Дортмунд нагло го променил правецот и принудно слетал во Венеција

Катерина Павлова-Николовска

Загина пилот откако се урна руски воен авион

Барса со невозможен камбек стигна до победа кај Целје!

За Барса нема ништо спорно во исплатата на шефот на судиите

Загина копилотот по падот на авионот на грчката воена морнарица