Мичиген: Воен ветеран на 90 години превезувал наркотици

Од:

Воениот ветеран од Втората светска војна, Лео Шарп, од Мичиген, Индијана, кој за само шест месеци треба да го прослави својот девеесети роденден, пред судот призна дека превезувал наркотици.

Во предградие на Детроит 2011 година, во неговиот автомобил, при рутинска контрола полицијата пронашла повеќе од 90 килограми кокаин.

Според податоците на обвинителството Шарп од 2000 година од западното крајбрежје транспортирал повеќе од 600 килограми кокаин и марихуана.

Тој е еден од најстарите криминалци кои се појавиле пред федералниот суд во Детроит.

На завршната расправа, ја признал вината, со образложение дека бил принуден да работи со трговец на дрога, бидејќи му биле потребни пари.

Обвинителството ги зеде в предвид неговите години при изрекување на пресудата и заслугите за државата, па побара да му се одредени затворска казна од само пет години, како и парична казна од 500.000 долари.

Според законот казна за кривичното дело транспорт на дрога е минимум 14 години.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД