Ми го убивте братот, ќе ве убијам сите вас. Ваква порака преку интернет упатил осомничениот за бомбашките напади на Бостонскиот маратон, Џокар Царнаев.
По него моментално трага целата бостонска полиција. Полицијата досега проверила околу 60-70 проценти од зградите во Бостон, а припадници на ФБИ го посетиле домот на сестрата на Џохар и Тамерлан Царнаеви во Њу Џерси.
Жената ги уверила дека не оддржувала редовни контакти со своите браќа. Таа била растроена од тоа што се случило и изјавила дека жали за сите луѓе кои настрадале.
Американски конгресмен соопшти дека двајцата браќа во својот дом имале скривница со експлозиви, бомби и гранати. Според демократот Дач Руперсбергер, член на комисијата за разузнавање на Претставничкиот дом, САД веројатно ќе побараат од Русија податоци за Царнаеви, кои се етнички Чеченци.