Џихадистите од редовите на Исламска држава кои се ликвидирани минатиот месец во нападот со дрон во Сирија, ковале завера да ја убијата англиската кралица Елизабета Втора.
Она што ги шокираше Британците е фактот дека џихадистите всушност биле нивни сонародници кои се придружиле на ИСИС.
Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон изјави дека ликвидацијата на џихадистите е “нова страница“ во борбата на неговата земја против Исламска држава.
Рејад Кан (21),еден од убиените џихадисти планирал да изврши терористички напад во Велика Британија, а мета била англиската кралица, откри МИ-6. Рајад имал помош од уште еден британски државјанин, Рахул Амин (26). И двајцата биле убиени во нападот со дрон на 21 август во Рака.
– Ова е прв пат нашите сили да наредат антитерористичка акција против наши државјани, а државата да не е во војна. Подготвени сме да преземеме поголем терет на борбите во Сирија, Либија и Ирак, рече премиерот Камерон.
Неофицијално, МИ-6 направиле црна листа на која се наоѓаат имињата на џихадистите кои треба да се ликвидираат. Во прашање се Британци кои се придружиле на Исламска држава, а помеѓу нив се наоѓа и озлогласениот “Џихад Џон“, кој се појавува на снимките на погубените киднапирани лица.
Сепак од Даунинг стрит 10 стигна ескпресен одговор дека таква листа не постои.
Нападот кој го спроведоа Британците во Сирија, Камерон го наредил без одобрение на парламентот. Сепак, како што се наведува дозволата и не му била потребна затоа што во прашање била “самоодбрана, со оглед дека ликвидираните лица планирале напад на Британија“.