МИ-5: Британската јавност е мета на исламските екстремисти

Од:

Новиот шеф на британската контраразузнавачка служба МИ-5, Ендрју Паркер изјави дека за илјадници исламски екстремисти, британската јавност е легитимна мета.

Во својот прв говор на лондонскиот Институт за одбрана и безбедност ја именува Ал Каеда и нејзините ограноци на југот на Азија и Арапскиот полуостров како најдиректна и непосредна закана за Велика Британија, пренесе „Би би си“.

Зборувајќи за конфликтот во Сирија, Паркер рече дека постои добра причина за загриженост поради Сирија и укажа дека МИ-5 работи на случаите на поединци, кои од државата беа на фронтовите во Сирија.

Според неговите зборови од 11-ти септември 2001 до 31-ви март 2013 година околу 330 лица во Велика Британија се осудени поради вмешаност во тероризам.

Тој исто така истакна дека програмата на неговата служба за борба против тероризмот е загрозена поради откритието на поранешниот соработник на американска ЦИА, Едвард Сноуден, за технологијата за електронско следење кое го користат специјални служби на САД и Велика Британија.

Како што пренесе „Франс прес“, Паркер ги отфрла тврдењата дека управата на британската влада ги следела секојдневните комуникации на граѓаните.

-Далеку од тоа дека собиравме приватни информации. Нашата работа ја насочуваме внимателно и строго кон оние кои имаат за цел да нанесат штета – изјави тој.

Во јуни „Гардијан“ објави дека британската служба има таен пристап до оптичките кабли и дека од средината на 2010 година користела податоци од контакти на милиони луѓе, кои што ги собрала американската Агенција за национална безбедност.

Според податоците на „Гардијан“, од мај 2011 година до мај 2012, британската служба врз основа на американските податоци изработила 197 тајни извештаи за МИ-5 и МИ-6, што е за 137 проценти повеќе од минатата година.

Паркер вели дека тие информации и наштетиле на работата на службата, која за МИ-5 обезбедувала вредни информации кои помагале во спречување на тероризмот.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца