Меркел жали поради Брегзитот

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази длабоко жалење поради одуката на мнозинството Британци нивната држава да ја напушти Европската Унија и најави дека цел на Унијата ќе биде блиски односи во Лондон во иднина.

На прес-конференција посеветена на одлуката за напуштање на ЕУ германската канцеларка рече дека Европа не треба да извлекува „брзи и едноставни заклучоци“ кои ќе создадат нови поделби во ЕУ, јави дописникот на МИА од Берлин.

– Се до излегувањето од ЕУ Велика Британија ги има сите права и обврски како членка на Унијата. Нашата цел треба да биде да имаме блиски и кооперативни односи со Велика Британија во иднина, изјави Меркел во обраќањето кое беше пренесувано на телевизија.

Според Меркел, Европската унија е доволно силна за да најде „вистински одговори“ за резултатите од референдумот во Велика Британија, а од Европејците побара никогаш да не заборават дека основањето на Европската Унија е „идеја на мирот“.

Утринава Меркел се сретнала со лидерите на најголемите германски политички партии со кои разговарала за последиците од гласањето во Британија, а за в понеделник во Берлин ги покани францускиот претседател Франсоа Оланд, италијанскиот премиер Матео Ренци и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск со кои ќе се разговара за идните чекори на ЕУ по референдумот во Велика Британија.

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер за утре во Берлин закажал средба со неговите колеги од шесте земји основачи на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Договорен е протоколот за Северна Ирска, познати првите детали

Ана Ололовска

Џон Мејџор: Излегувањето на Британија од ЕУ беше голема грешка

Ана Ололовска

Градоначалникот на Лондон: Брегзит не функционира

А1он

Две третини од Британците сакаат референдум за повторно пристапување во ЕУ

Се повеќе Британци мислат дека Брегзит е грешка

Горан Наумовски

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска