Меркел за примена на санкциите против Русија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел побара денеска во Бундестагот итно стапување во сила на санкциите на Европската унија против Москва и истовремено побараи укинување доколку Русија исполни договори од план од 12 точки за прекин на огнот во источна Украина.

– По повод актуелната ситуација…се залагаме сега да се објават тие санкции, изјави Меркел и изрази надеж дека за тоа многу брзо ќе се одлучи.

Меркел додаде дека тие санкции спрема Русија може да се повлечат доколку се исполни договореното и оти би се вовеле само ако се неопходни.

– Ако 12 точки суштински се исполнат ние ќе бидеме први кои новите санкции повторно ќе ги укинат, нагласи Меркел. Таа вели дека патот за надминување на украинската криза е се уште долг. Државите од ЕУ во петокот донесоа одлука за заострување на санкциите спрема Русија но нивното активирање е одложено заради договор за прекин на огнот во источна Украина.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани