Влезот на Грузија во НАТО моментално не е на дневен ред, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, пренесува ИТАР-ТАСС.
Меркел тоа го изјави по средбата со грузискиот премиер Иракли Гарабашвили.
Според Меркел темата за прием на Грузија во НАТО нема да се најде на дневен ред ниту на средбата на високо ниво на НАТО во Кардиф.