Германската влада достигна историски максимум на популарност, бидејќи има поддршка од 57 проценти од граѓаните, додека канцеларката Ангела Меркел има доверба од дури 74 проценти испитаници, покажуваат резултатите од анкетата која што ја објави радио АРД.
Високо ниво на популарност постигнаа и министрите за надворешни работи и финансии, Франк Валтер Штанмајер и Волфганг Шојбле.
Германија во првиот квартал од тековната година оствари најголем економски раст во последните три години, а владата и Меркел високиот рејтинг го заслужија со мудро раководење со природните ресурси во екот на кризата во еврозоната.
Довербата во владата на Меркел е зголемена за дури седум проценти од јуни, додека таа е попопуларна за три проценти, со што постигна највисок рејтинг во последните седум години.
Е. Г.