Меркел: Русија да ги прифати резултатите од изборите во Украина

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Русија да ја прифати оценката што ќе ја даде ОБСЕ по завршувањето на претстојните претседателски избори во Украина.

– Очекувам Русија да го почитува мислењето на ОБСЕ, кое без сомнение, ќе биде објективно. На крајот, и сама и припаѓа на оваа Oрганизација, рече Меркел во интервјуто за дневниот весник „Сарбрикер цајтунг“.

Претседателските избори во Украина, што се закажани за в недела, ќе ги следат околу 1.000 набљудувачи на ОБСЕ ширум целата земја од 46 милиони жители.

Меркел вели дека тоа ќе биде една од најголемите набљудувачки мисии на ОБСЕ на некои избори.

– За жал, Русија одлучи да не испрати набљудувачи во мисијата на ОБСЕ иако беше поканета, рече канцеларката на Германија.

Таа истакна дека изборите се од клучно значење за стабилизацијата на ситуацијата во земјата.

– Тоа што сите го гледаме е дека руското раководство очигледно не може да прифати дека суверената земја Украина се движи по патот што самата го избрала, рече таа, додавајќи дека став на ЕУ е оти „Украина треба и може слободно да избира што сака“.

Претседателските избори се распишани со цел да се стабилизира политичката криза по масовните протести во февруари, но проруските сили најавија дека ќе го спречат гласањето во источните области во кои воспоставија контрола.

Рускиот претседател Владимир Путин, во текот на неодамнешната посета на Кина, изјави дека е пологично Киев да организира избори по референдумот за новиот Устав.

Меркел изјави и дека редовно се слуша со Путин и додаде дека двајцата ќе имаат можност да се видат во текот на одбележувањето на 70-годишнината од сојузничкиот десант на Нормандија.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми