Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Од:

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува оти војната во Украина би започнала порано и „веројатно би била полоша“ доколку Киев го започнал својот пат кон членство во НАТО во 2008 година.

„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Ми беше сосема јасно дека претседателот (на Русија) Владимир Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш, Украина како земја сигурно нема да биде подготвена како тоа беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.

Во ретко интервју откако се повлече од политиката пред три години, Ангела Меркел изрази загриженост поради постојаните закани на Путин за употреба на нуклеарно оружје.

„Мораме да направиме сè што е можно за да ја спречиме употребата на нуклеарно оружје. За среќа, Кина неодамна зборуваше за тоа. Не треба да бидеме парализирани од страв, но мора да признаеме дека Русија е најголемата, или веднаш до САД, една од двете најголеми нуклеарни сили во светот Потенцијалот е застрашувачки“, предупреди поранешната германска канцеларка.

Таа изјави дека за време на нејзиниот мандат направила се што е во нејзина моќ за да обезбеди мирни средства за соработка со Русија и дека Путин „започнал инвазија на Украина“ само неколку месеци откако таа ја напуштила функцијата.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина