Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денес дека е против на Европската комисија да и се дадат поголеми овластувања и дека се согласува со Франција дека владите на државите во ЕУ треба да соработуваат во поглед на економската политика.
-Не гледам потреба во наредните неколку години да и се дадат поголеми овластувања на Комисијата во Брисел-истакна таа.
Меркел нагласи дека се согласува со францускиот претседател Франсоа Оланд дека дрѓавите-членки на ЕУ треба да соработуваат за економските прашања.
-Соработката во Европа, во поглед на економската политика е многу слаба, таа мора да зајакне-вели таа.
Елена Георгиевска