Кабинетот на гермнаскиот канцелар ја предупреди канцеларијата Ангела Меркел за преголемите трошоци што оваа канцеларија ги создава откако поранешната канцеларка ја напушти функцијата во декември минатата година, јавуваат германските медиуми.
„Се одржаа средби меѓу кабинетот на канцеларот и раководството на кабинетот на Ангела Меркел, кои се однесуваат на прилагодување на бројот на вработени во оваа канцеларија според потребите“, пишуваат германските медиуми.
Понатаму се посочува дека функцијата на поранешниот канцелар не постои од „статусни причини“, туку поради „исполнување на обврските кои произлегуваат од мандатот на канцеларот, како и новосоздадените должности“.
Се нагласува дека, кога станува збор за функцијата на канцеларијата, „исклучено е користењето за приватни цели како и за остварување дополнителен приход“.
Надомест на патни трошоци може да се разгледува само доколку поранешниот канцелар патува по наредба и заради интересите на Сојузна Република Германија“, се вели во писмото на Министерството за финансии до комисијата за буџет на Бундестагот. Во писмото не е прецизирано за кое конкретно патување станува збор.
Критики има и за преголемиот број вработени во канцеларијата. Според законот од 2019 година, Бундестагот финансира најмногу пет вработени за поранешните премиери: менаџер на канцеларија, двајца службеници, секретарка и возач. По пет години бројот се намалува на четири лица.
Канцеларијата на поранешната канцеларка Ангела Меркел (Христијанско-демократската унија ЦДУ) во моментов вработува девет функционери. Вработените во кабинетот на поранешната канцеларка се на платниот список на канцеларката.
На почетокот на годината канцеларијата на поранешниот канцелар Герхард Шредер беше привремено затворена откако сите вработени го напуштија Шредер поради неговиот пријателски однос кон рускиот претседател Владимир Путин.
Дел од германските политичари бараа да се укине практиката на финансирање канцеларии на поранешни премиери.